Заврши една ера, ерата на Роџер Федерер, кариера долга 24 години. Доби се од тенисот, а Федерер му врати повеќе од тоа. Швајцарецот се прости од активниот тенис со меч во двојки со Рафаел Надал (тим на Европа) против американската двојка Џек Сок и Френсис Тиефо (тим на Светот) во величествена атмосфера во преполната арена „О2“ во Лондон пред 17 500 гледачи.

Беше крајно емотивно од моментот кога Роџер Федерер и Рафаел Надал влегоа на теренот. Веројатно целата кариера помина низ главата на Федерер, кој се „одбрани“ со насмевка на лицето, а поддршка доби и цела европска екипа на чело со Новак Ѓоковиќ, кој беше во улога на селектор.

Поразот на овој меч не го намали спектакуларното пензионирање на „маестрото од Швајцарија“, кој на крајот се расплака при поклонувањето пред публиката.

Федерер мораше уште еднаш да се врати на теренот, а потоа, прегрнат од целиот тим, застана на средината и уште еднаш се поклони на публиката, која го испрати со громогласен аплауз.