Жителите на Алжир, Мароко, Саудиска Арабија, Либан и Иран оваа година се соочија со исклучително ниски температури до -2 степени Целзиусови
Голема количина снег што падна во јануари подолго време се задржа во неколку региони на Алжир и Мароко, објавија метеоролошките служби на двете арапски земји.
Како резултат на тоа, огромните области се претворија во бели пространства со високи снежни наноси и сјајни замрзнати езера.
Во планинските области на двете земји, снегот паѓа секоја година, обично во подножјето и на падините на планините, кој се задржува во текот на целата зима до рана пролет. Но, оваа сезона, сепак, врнежите беа особено големи.
Во Алжир, обилен снег е забележан, главно, во северните и северозападните провинции. Снегот достигна и во некои делови на Сахара, па така, голем број туристи и фотографи доаѓаат да уживаат во егзотичната зимска глетка во Северна Африка – прашливите дини и оази се прекриена со бела покривка.
И жителите на соседно Мароко, исто така, оваа зима видоа многу снег, особено планинските региони на гребенот во северниот дел на земјата. Снежните врнежи ги оживеаја познатите зимски одморалишта Ифран и Азру. Снег падна и во мароканскиот дел на Сахара, во близина на популарното туристичко село Мерзуга во југоисточниот дел на земјата, создавајќи редок зимски пејзаж во областите на масивот Ерг Чеби.
Рекордно ниски температури до -2 степени Целзиусови се забележани и во Саудиска Арабија, Либан и Иран.