Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје одржаа меѓувладина седница на која официјални обраќања имаа премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, за време на меѓудржавната посета, на неговиот колега од Албанија Еди Рама, му подари дрес од кошаркарската репрезентација на Северна Македонија на кој е испишано името Рама.
Покрај дрес, албанскиот премиер доби и кошаркарска топка со потписот на Ковачевски.
Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје одржаа меѓувладина седница на која официјални обраќања имаа премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.
Пред владата беше организиран официјален пречек на албанската владина делегација предводена од премиерот на Албанија, Еди Рама.