Кадиров на Телеграм соопшти дека се запалил покривот на празна зграда во просториите на Универзитетот, именувана по рускиот претседател Владимир Путин, кој подоцна бил изгаснат
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека во напад со беспилотно летало бил погоден рускиот универзитет за специјални сили „Спецназ“ во градот Гудермес.

Кадиров на Телеграм соопшти дека се запалил покривот на празна зграда во просториите на Универзитетот, именувана по рускиот претседател Владимир Путин, кој подоцна бил изгаснат.
„Нема жртви или повредени“,
додаде Кадиров посочувајќи дека властите го истражуваат инцидентот и се обидуваат да ги идентификуваат инволвираните во нападот.
Тој истакна дека сите служби на Универзитетот работат вообичаено.
Ramzan Kadyrov says a UAV struck the Spetsnaz University in Gudermes. https://t.co/FHlEmAEs3nhttps://t.co/UA7dTZMUdfhttps://t.co/FhtwtUQ7w3 pic.twitter.com/kUIJGI2bZM
— Rob Lee (@RALee85) October 29, 2024
Претходно, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека седум украински беспилотни летала биле соборени над три погранични региони на земјата, како и над Црното Море.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
