Пожарот избувнал во 10:45 часот по локално време во провинцијата Ниневија во северен Ирак. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но првите извештаи говорат дека тој избувнал откако бил запален огномет
Најмалку 100 лица загинаа, а други 150 се повредени во пожар што избувна на свадбена веселба во северен Ирак.
Повеќето од жртвите се млади луѓе, а најмалку 50 од повредените се во критична состојба.

Заменик-шефот на дирекцијата за здравство во Ниневија, Ахмед Дубардани, кого го цитира Би-би-си, изјавил дека меѓу загинатите е и новобрачната двојка.
„Телата на дел од повредените изгореа од 50 до 60 проценти. Ова воопшто не е добро“,
вели Ахмед Дубардани, заменик-шеф на дирекцијата за здравство во Ниневија, кого го цитира Би-би-си.
Пред болницата во Ал-Хамданија синоќа имаше толпа луѓе кои се обидуваат да им помогнат на повредените.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот по локално време (19:45 часот по Гринич) во областа Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но првите извештаи говорат дека тој избувнал откако бил запален огномет.
Властите за цивилна одбрана соопштија дека пожарот предизвикал пад на делови од таванот на свадбената сала поради употребата на високо запаливи, евтини градежни материјали.
Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани нареди истрага за несреќата и побара од официјалните лица да ги мобилизираат сите напори и да им дадат помош на повредените.