Премиерот Зоран Заев попладнево им ги предаде мандатните писма на 19 министри во неговиот кабинет.
Заседанието во Владата се одржуваше според протоколите за заштита од ковид-19, така што сите министри беа со маски.

Сепак, при предавањето на мандатните писма, Заев се ракуваше со секој од членовите во неговиот нов кабинет.

Заев им порача на министрите дека граѓаните со право имаат големи очекувања од новата влада и рече дека тие треба да излезат во пресрет на исполнување на тие очекувања.

Премиерот им посочи на министрите дека треба секојдневно да одржуваат отворена комуникација со граѓаните и со медиумите.
На денешната владина седница се очекува да биде сменет и Деловникот за работа на Владата за да се прецизира дека ќе има прв заменик, односно Артан Груби.
