При контрола на багажот, царинските службеници забележале сомнителни предмети, а при извршен детален преглед помеѓу личните работи на патникот биле пронајдени монети со различно потекло и старост
Во багаж на македонски државјанин, кој преку скопскиот аеродром требало да патува во Соединетите Американски Држави, пред три дена биле пронајдени стари монети со проценета вредност од 2 395 000 денари.
При контрола на багажот, царинските службеници забележале сомнителни предмети, а при извршен детален преглед помеѓу личните работи на патникот биле пронајдени монети со различно потекло и старост.
Монетите се запленети од стана на Царинската управа и привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното обвинителство.