Во капелата на гробиштата во Бергамо повеќе нема ниту едно тело од жртвите на ковид-19.

Фотографијата на Твитер ја објави градоначалникот Џорџо Гори и напиша: Капелата на гробиштата во Бергамо е празна. Конечно.“

Токму Бегамо и регионот каде се наоѓа овој град – Ломбардија, беа најпогодени од пандемијата со коронавирусот.
Градските погребални претпријатија во екот на кризата не можеа да одговорат на темпото со кое растеше бројот на смртни случаи, па праќаа тела за кремирање во други региони од Италија.
Токму за смртните случаи, градоначалникот на Бергамо објавил и дека од 1 март до 12 април од вирусот починале 795 негови сограѓани што е повеќе од официјалните податоци во тој град (272). Во официјалната статистика, пренесува Н1 ТВ, влегуваат само оние кај кои вирусот е потврден со тестирање додека биле живи, а голем е бројот на оние кои починале пред да бидат тестирани, посебно ако не биле хоспитализирани.
Италија, заедно со Шпанија, е најпогодената земја од ковид-19 во Европа. Според „Ворлдометар“, вројот на заразени изнесува 175 925, а на смртни случаи е 23 227. Во Шпанија, пак, овие статистики покажуваат 194 416 заразени и 20 639 мртви.