Шпанија најверојатно уште еднаш ќе ги продолжи рестриктивните мерките. Премиерот Педро Санчез најави дека ќе му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на мерките за запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус.
Според предлогот, рестриктивните мерки треба да останат на сила до 9 мај.
Санчез додаде дека сака ограничувањата за најмладите да бидат олеснети, така што од 27 април на децата ќе им биде дозволено да излегуваат надвор, но „со ограничувања и под услови што овозможуваат да се избегне зараза“.
Минатиот викенд, Шпанија ги олесни ограничувањата за дел од бизнис секторот, па дозволи отоврање на производствените погоди и градежните компании, но со задолжително почитување на безбедносните протоколи.
Сепак, за мнозинството Шпанците мерките остануваат ригорозни, тие сè уште се наоѓаат во своите домови, а можат да излезат надвор само за итна потреба – до продавница или аптека и лекар.
Според последните податоци „Ворлдометар“, бројот на дијагностицирани случаи со ковид-19 во Шпанија е 194 416, што ја прави оваа земја најпогодена во Европа, а втора во светот. Бројот на смртни случаи, пак, оизнесува 20 639.
Пред неа е само Италија со 23 227 жртви, а на трето место во Европа е Франција со 19 323 смртни случаи.