Српскиот претседател вели дека е среќен што Заев денеска е во Белград
И поранешниот премиер Зоран Заев денеска е во Белград каде од вчера до недела одржува четиридневниот саем за вино, храна и туризам во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а денеска се одржа и традиционалниот политички самит.
За присуството на Заев во српската претстолнина на Инстаграм се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека е горд што може да го угости поранешниот премиер кој е еден од основачите на Отворен Балкан.
„Посебно сум среќен што можев да го поздравам у угостам искрениот пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев, денеска во Белград“,
напиша Вучиќ под заедничката фотографија со поранешниот премиер.
Фотографијата, според информациите објавени на инстаграм е направена во Палатата „Србија“ каде денеска се одржа политичкиот самит.
На саемот покрај политичките лидери на трите држави дел од Отворен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствува и црногорскиот премиер во заминување Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.
*Повеќе вести од Саемот за вино, храна и туризам и Самитот на Отворен Балкан од Белград:
- Лидерски самит и македонска вечер во рамки на Отворен Балкан во Белград
- Вучиќ: Со С Македонија денес сме најблиски – и кога имавме одредени проблеми, бевме блиски
- Ковачевски: Со „Отворен Балкан“ сакаме да поправиме се што не се инвестирало изминатите 30 години во енергетското поврзување на регионот
- Комплетно кревање на рампите меѓу С Македонија, Албанија и Србија треба да биде наша заедничка цел, смета Ковачевски
- Рама: Сериозно ќе размислиме да ги поканиме земјите од ЕУ во Отворен Балкан
- Потпишан договор за обезбеденост со храна меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија
- Ќе се формира копродукциски фонд „Отворен Балкан“ за филмските професионалци
- Договорен развој на „Вински патишта на Отворен Балкан“