Во синоќешното невреме проследено со силен ветар во Скопје разурнат е и покривот на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ во населбата Аеродром.
Училишна настава денеска нема да има, а екипи на Територијална противпожарна единица на Град Скопје во моментов ги санираат штетите.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, реагираше на својот профил на Фејсбук потенцирајќи дека покривот последно бил реконструиран во 2009 година, а во скорешната реконструкција на училиштето била опфатена фасадата, која, како што вели, е сигурна. Шилегов повторно ги посочи фасадите на дел од објектите во проектот „Скопје 2014“ кои синоќа попуштија од ветрот, а за кои најави решенија по изборите.
Поврзани вести:
(ГАЛЕРИЈА) Се сумираат штетите од невремето во Скопје
Стиропорот на „Скопје 2014“ не ги издржа налетите на силниот ветер