На пат кон Благоевград се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, кои најавија дека ќе се појават на настанот
На отворањето на клубот нема да присуствува претставник на Владата, а шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе го претставува генералниот секретар на кабинетот, Миле Бошњаковски
Граѓани се собираат на просторот пред македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, чие отворање е најавено за денеска.
Во близина на објектот забележливо е и присуството на бугарската полиција.
На пат кон Благоевград се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, кои неделава најавија дека ќе се појават на настанот.
На отворањето на клубот нема да присуствува претставник на Владата.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски посочи дека преку Министерството за култура и Владата ќе се достави официјално барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград преку кој, како што рече, ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа.
„Во Благоевград се отвора македонски клуб финансиран од приватни лица и кажав дека оние кои се заинтересирани можат да одат“,
изјави вчера Ковачевски.
Претседателот Стево Пендаровски информираше дека добил покана за отворањето на клубот во Благоевград, но поради претходно закажани обврски нема да присуствува на настанот. Наместо него, на отворањето на клубот ќе биде присутен генералниот секретар на кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски.