Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (25 јуни 2026 г.) од 22:50 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– шест операциони сали на хируршките клиники, промовирани пред три месеци како комплетно реновирани, сè уште не функционираат – зошто; слично е и со реконструкцијата на КАРИЛ;
– во екот на тезите дека македонскиот идентитет е загрозен, Законот за македонскиот јазик никако да профункционира;
– влеговме во строго обезбедуваниот украински Центар за справување со дезинформации – репортажа од Киев;
– по извештајот на Судскиот совет дека во битолскиот Основен суд се местел советот што го пушти бизнисменот Борче Марковски од притвор – има ли постапка за судиите;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:50 часот на МРТ 1.
