„Се прави максимум од тоа што може да се стори во вакви услови“, информира Територијалната противпожарна екипа во Кавадарци
Гори објект во росоманското село Крушевица. Пожарот го гасат шест пожарникари со четири возила, информира Територијалната противпожарна екипа во Кавадарци.

Оттаму велат дека по пријавата за пожарот веднаш се пратени екипите на местото на настанот.
„Се прави максимум од тоа што може да се стори во вакви услови“,
информираат од пожарната единица во Кавадарци.

Засега, како што посочуваат, не можат да дадат повеќе детали за причините за пожарот.