Група од дваесеттина еко-активисти од Охрид денеска го искористија убавото време и направија еколошка акција за собирање ѓубре, најчесто пластичен отпад од пакување, на крајбрежјето кај населбата Далјан, на влезот во Охрид.
Тие, споделувајќи фотографии од акцијата на Фејсбук, напишаа дека крајбрежјето кај Далјан од денеска е уште поубаво и дека собрале над 50 вреќи со ѓубре.
„Во организација на ‘Чист Охрид’ и ‘Не Биди Ѓубре’, а заедно со ‘Енхелеус’ и останати граѓани, на крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо собравме најразличен отпад – од цврст отпад, па се до пластика. Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид!“,
пишува на нивниот ФБ-пост.