Претседателот Стево Пендаровски вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер, порачувајќи оти таа ќе ја ужива неговата и поддршката на целиот негов тим во вршењето на дипломатските должности
„Една од работите на кои со задоволство се сеќавам и е вкусна: Штипска пастрмајлија“, напиша новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер на Твитер.
One of the things I remember fondly, and it’s delicious: the штипска пастрмајлија! pic.twitter.com/FSVSSYlM24
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 9, 2022
Претседателот Стево Пендаровски вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер, порачувајќи оти таа ќе ја ужива неговата и поддршката на целиот негов тим во вршењето на дипломатските должности.
Амбасадорката на САД, пак, се заблагодари за срдечното добредојде и му го предаде акредитивното писмо на претседателот Пендаровски, порачувајќи оти САД ќе направат сè што е во нивна моќ за надминување на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и нејзините граѓани.
„Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици. Господине Претседател, денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. САД, Амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани“,
посочи Анџела Прајс Агелер.