Според неофицијалните информации на „Фокус“, досегашните мерки на претпазливост му се заменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“, за што пресудата ќе биде соопштена на 26 февруари
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, објави вечерва „Фокус“ неофицијално, повикувајќи се на доброупатени извори.
Според информациите на „Фокус“, досегашните мерки на претпазливост му се заменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“, за нелегалното прислушување и уништување на опремата, каде што тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание.
Во петокот беа завршните зборови на одбраната, а на 26 февруари треба да се изрече пресудата.