„Понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина 214 денари. Вкупната финасиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари или 25 милиони евра за период од 12 месеци“, велат од АД ЕСМ
Фирмата за градежништво, производство, трговија и услуги „Топлина“ од охридското село Подмоље е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“, информираат од АД ЕСМ за МИА.

„Понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина 214 денари. Вкупната финасиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари или 25 милиони евра за период од 12 месеци“,
велат од АД ЕСМ.
Оттаму посочуваат дека избраниот економски оператор би се ангажирал по налог на Подружница РЕК „Битола“, согласно потребите на рударско-енергетскиот комбинат.
„Во период кога изведувачот нема да биде ангажиран, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Станува збор за ангажман за период за период од една година или до исцрпување на средства предвидени во финасиска рамка, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет“,
се вели во соопштението од АД ЕСМ.
Фирмата „Топлина“ пријавила четири оператори како подизведувачи: „ГД Гранит“ – Скопје, „Градба промет“ – Кавадарци, „Илинден“ – Струга и „Топ билд“ – од Скопје.
Во својство на техничка поддршка се пријавеени фирмите „Форса АД“ од Скопје и „Машинокоп“ од Кавадарци.