Финската премиерка Сана Марин кажа дека таа во животот никогаш не конзумирала дрога, а тестирањето го направила по барањето на политичарите од опозициската но и владејачката коалиција, откако во јавноста „протече“ видеоснимка на која се гледа како таа се забавува со пријатели.
Таа воедно кажа дека доколку имало потреба да се врати на своите должности додека се забавувала, таа ќе го сторела тоа веднаш бидејќи нејзината способност да ја извршува својата функција во ниту еден момент не била доведена во прашање.
Денеска, пак, на социјалните мрежи се појави ново видео од премиерката, на кое според пишувањата таа танцува со непознат маж, иако таа е во брак кој трае 18 години.
Инаку, Марин која воедно е и најмладата премиерка на светот не го крие фактот дека често оди на забави и посетува бројни музички фестивали. Таа вчера кажа дека знаела дека ја снимаат, но и дека е среќна што видеото станало јавно.
„Пеев, танцував и се забавував – сето тоа е легално. Никогаш не сум била во ситуација да видам некој како користи дрога“,
кажа Марин.