Министерот за здравство Венко Филипче го осуди вчерашниот инцидент на Клиниката за токсикологија каде што беше нападнат лекар и вели дека не може да има оправдување за насилниот чин.
„Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.
вели Филипче.
Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“,
Нападот се случи во текот на вчерашниот ден. Лекарот се здобил со неколку хематоми и исеченици, но е во добра состојба. Откако му била укажана помош во Ургентниот центар, бил пуштен дома.
Инцидентот, како што вели директорот на Клиниката за токсикологија Нагип Зумбери за „360 степени“, се случил кога родител го однел малолетното дете на преглед, а лекарот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија.
Напаѓачот бил приведен од полицијата и се работи на расчистување на случајот.