Триесет и двегодишниот С.И. е приведен вчера за напад на лекар на Клиниката за токсикологија.
Лекарот се здобил со неколку хематоми и исеченици, но е во добра состојба. Откако му била укажана помош во Ургентниот, центар бил пуштен дома.
Инцидентот, како што вели директорот на Клиниката за токсикологија Нагип Зумбери за „360 степени“, се случил кога родител го однел малолетното дете на преглед, а лекарот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија.
Сепак, според информациите што ги има директорот, родителот не сакал да ја напушти Токсикологија бидејќи најверојатно мислел оти лекарот не сака намерно да го прими пациентот, по што дошло до нападот.