Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција апелираше за велигденските празници да се остане дома и да се избегнат празнични собирања.
„Оваа година Велигден го прославуваме на поинаков начин. И јас за да ги заштитам моите најблиски празникот ќе поминам сам, изолиран од семејството.Секој од нас носи огромна одговорност. Празничните собирања мора да изостанат. Тој е единствениот начин за да дадеме придонес во борбата со епидемијата. Да се биде дома значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи“,
порача Филипче.
Филипче е во домашна изолација откако беше во контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој е позитивен на ковид-19.