Во ГОБ моментно се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но, сепак, со запазување на итни случаи, како малигноми и фрактури, велат од ресорното Министерство
Се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во наредните денови ќе се разговара и за трајно решение, соопштија попладнево од Министерството за здравство, по средба на министерот Венко Филипче со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ „8 Септември“ и со директорот на болницата Христијан Костов.
„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ ‘8 Сeптември’ моментно се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но, сепак, со запазување на итни случаи, како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат. Најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем“,
соопштија од МЗ.
Хирурзите од ГОБ „ 8 Септември“, најавуваат дека в понеделник ќе прекинат со операциите, доколку директорот Христијан Костов не им создаде услови за хируршки интервенции кои не се сметаат за итни.
Тие во отворено писмо кое го испратиле и до Министерството за здравство и до премиерот посочуваат дека се свесни оти втора година работат како главен ковид-центар во државата, но се незадоволни што операции дневно се вршат само во две, наместо во повеќе сали, односно во полн капацитет кој би бил шест сали во текот на денот,