Досега коронавирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со ковид-19 можат да дојат ако сакаат, објави министерот за здравство Венко Филипче. Тој напоменува дека и при доење важно е да се одржува хигиена.
„Жените со ковид-19 можат да дојат ако сакаат. Тие треба да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање, да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето, рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле. Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува“,
стои во објавата на Филипче.