Министерот за здравство очекува в среда да почне имунизацијата со руската вакцина
Министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија Сергеј Баздникин утре попладне ќе ја пречекаат на Скопскиот аеродром првата пратка вакцини против ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија.
Филипче најави денеска дека очекува од среда да почне вакцинацијата. Тој објасни дека се завршени се сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.
„Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови. Многу веројатно е дека вакцинацијата ќе почне в среда. Нашата земја има потпишано договор за купување на 200 000 дози вакцини од рускиот прозиводител“,
рече Филипче.
Исто така, како што посочи министерот за здравство, завршени се сите административни работи околу испораката и на кинеските вакцини од производителот „Синофарм“.
Овој месец, според најавите на прозиводителот „Фајзер“ треба да бидат испорачани и 21 060 дози вакцини, а исто така треба да пристигнат и вакцини од прозиводителот „Астра Зенека“, кои се обезбедени преку Ковакс- механизмот.