Гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм соопшти дека едно дете е убиено, а три лица се повредени во нападите што руските сили ги извршиле користејќи ракети и беспилотни летала и во кои е предизвикана шетата на инфраструктурата во регионот на главниот град
Соседите на Украина, Романија и Полска – членки на Европската Унија и на НАТО, подигнале дел од своите борбени авиони за заштита на воздушните простори на двете земји за време на нападите, соопштија нивните министерства за одбрана на социјалната платформа Икс
Најмалку три лица се убиени, меѓу кои и едно дете, а седум се повредени во воздушни напади што руските сили ноќеска ги извршиле врз Киев и околниот регион, соопштија украинските власти, пренесуваат светските агенции.

Според објавата на воената администрација на Киев на Телеграм во рускиот напад на украинската престолнина се убиени две лица, а четири се повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека нападите предизвикале пожари во приватни домови, продавници и магацин.
Жител на градот во изјава за Ројтерс навел дека слушнал неколку експлозии.
Гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм соопшти дека едно дете е убиено, а три лица се повредени во нападите што руските сили ги извршиле користејќи ракети и беспилотни летала и во кои е предизвикана шетата на инфраструктурата во регионот на главниот град. Според неговите информации во ударите оштетени биле и магацини, куќи и автомобили.
„Нападот врз регионот Киев е во тек. Не ги игнорирајте предупредувањата за воздушен напад и останете во засолништа“,
предупреди Ткаченко во објавата на Телеграм.
Соседите на Украина, Романија и Полска – членки на Европската Унија и на НАТО, Романија и Полска, подигнале дел од своите борбени авиони за заштита на воздушните простори на двете земји за време на руските напади на Украина, соопштија нивните министерства за одбрана на социјалната платформа Икс.
Во меѓувреме, во украински напад со беспилотни летала врз рускиот регион Самара, кој е центар за производство и преработка на нафта и се наоѓа на околу 1 100 километри патна линија југоисточно од Москва, биле оштетени приватни куќи, тврди гувернерот на регионот Вјачеслав Федоришчев во објава на социјалната мрежа ВК (VK).
Агенцијата Ројтерс наведе дека засега не може да ги потврди од независни извори тврдењата на руските власти во Самара.
Синоќешните напади се најновните во серијата руски удари на главниот град на Украина, Киев кои во последниоит период се повеќе се интензивираат.
Москва сè повеќе користи беспилотни летала на млазен погон, а освен ноќе Киев не е поштеден од напади и преку ден.
Во нападот што руските сили го извршија завчера (28 септември) загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 80 беа ранети, што според украинските власти сведочи за интензитетот со кој Москва удира врз земјата.
Нападот беше извршен дење, а руските сили погодија станбени згради, канцеларии, центри за податоци, како и заградата на Националната академија на науките во центарот на Киев.
Според податоците од воената администрација на градот Киев, 12 лица се убиени, а околу 200 повредени во руските напади врз украинскиот главен град во текот на изминатата недела.
Нападите следеа една недела по дипломатски напори во Обединетите нации насочени кон градење моментум за преговори за ставање крај на руската инвазија, која сега е во својата петта година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера најави продолжување на преговорите со сојузниците за набавка на дополнителни системи за противвоздушна одбрана.
„Разговорите веќе се најавени за оваа недела. Би сакал да им се заблагодарам на сите партнери кои ги почитуваат договорите и испорачуваат ракети за нашата воздушна одбрана. Неодамна во Украина пристигна пакет ракети за системите NASAMS, а со партнерите разговараме и за обезбедување на потребните ракети за системите ‘Патриот“. Белгија донесе одлука и за авиони Ф-16. Оваа година ќе добиеме уште три авиони, што дополнително ќе ја зајакне нашата воздушна одбрана“,
рече Зеленски.
