Како што кажа денеска претседателката на Кривичен, Стафа го обжалил пред Апелација условниот отпуст од еден месец со кој првостепениот суд му дозволува на поранешниот државен правобранител наместо на 13 март 2027 година, од затвор да излезе на 1 февруари
Таа информира и дека клиентот поради кој Стафа заврши заd решетки, контроверзниот бизнисмен Љупчо Пецов, познат по прекарот Ѓаволот, ја платил казната од 8 000 евра, што Судот му ја одреди покрај условната од две години затвор која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело
Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа добил условен отпуст од скопскиот Основен кривичне суд да заврши со отслужувањето на затворската казна за примање мито еден месец порано од предвидениот рок. Но, како што информира претседателката на Кривичен, Даниела Димовска, на денешниот брифинг со новинарите, тој поднел жалба до Апелацискиот суд, очигледно незадоволен од едниот месец условен отпуст што му го дал првостепениот суд.

Стафа беше осуден на една година и три месеци затвор откако во април годинава призна вина и се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Тој беше уапсен на 13 декември, откако полицијата го фати „ин флагранти“ со 50 000 евра од вкупно 100 000 евра колку што побарал од неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот за да влијание врз судија од Апелацискиот суд во Скопје да му биде укината мерката притвор.
Стафа заврши во притвор, а неколку месеци подоцна призна вина.
Како што кажа денеска претседателката на Кривичен, казната на поранешниот државен правобранител истекувала на 13 март 2027 година, а судот му дозволил условен отпуст, односно да излезе излезе на 1 февруари.
„Оваа одлука е обжалена од страна на осудениот и предметот е пратен во Апелација на 24 септември 2026 година“,
соопшти Димовска, појаснувајќи дека Стафа не е пуштен од Судот на условен отпуст во моментов.
Таа информира и дека клиентот поради кој Стафа заврши за решетки, контроверзниот бизнисмен Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, ја платил казната од 8 000 евра, што Судот му ја одреди покрај условната од две години затвор која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Паричната казна Пецов ја платил на 2 септември, уште пред пресудата да стане правосилна.
Имено, Пецов за случајот „Синџир“ признал вина уште на 24 август, а бидејќи ниту една од странките не вложила жалба, пресудата со која е огласен за виновен станала правосилна на 21 септември.
За признавањето вина и за пресудата од Основниот кривичен суд Скопје информираа три дена подоцна, односно на 24 септември, кога се дозна и дека по извесен период поминат во бегство на надлежните органи во државата им се предал и Стојан Чифлигароски, битолски бизнисмен кој исто така беше обвинет во случајот „Синџир“.
Покрај условната казна на Пецов му е изречена и парична казна од 8 000 евра, како и споредна казна со која му се забранува да основа и управува со фирма во траење од 10 години.
Парична казна е изречена и за фирмата поврзана со обвинетиот која е во стечај.
Пецов беше еден од обвинетите за финансиски криминал во „Синџир“, случај кој беше отворен кон крајот на октомври 2023 година. Во истрагата беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми. Тие беа осомничени, а потоа и обвинети дека создале шема за даночно затајување. Според истрагата, тие преку издавање фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.

Пецов избега од државата, но кон крајот на декември лани се врати во земјава и им се предаде на органите на прогонот. Неговото предавање дојде неколку дена откако во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) беше уапсен неговиот адвокат Фехми Стафа.
Додека Стафа ги издржуваше првите денови во притвор, на Пецов претходно изречената мерка, која ја потврди и скопска аспелација, му беше замената со куќен притвор.
Во јануари годинава во акцијата на ОЈО ГОКК и МВР беше уапсен апелацискиот судија Ѓоко Ристов откако во неговиот семеен дом во Неготино зад плочките во кујната беа најдени заѕидани 350 000 евра. Како што соопштија тогаш од ОЈО ГОКК на брифинг со новинарите, сите информации поврзани со истрагата за Ристов почнале да добиваат смисла, односно контурите на случајот почнале да се исцртуваат со апсењето на Фехми Стафа, но истрагата не потврди дека парите што ги барал Стафа требало да завршат кај судијата.
Против судијата Ристов во тек е судски процес за прикривање имот и за перење пари.
