Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека oмикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, пренесуваат тамошните медиуми.
„Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација, за што сите се надеваат“,
изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа за време на виртуелен панел организиран од „Агенда Давос“.
Тој изрази надеж дека тоа не е случај, но истакна дека ковид-19 би можел да остане како ендемска болест и во иднина, дури и тоа да е така.
Според други експерти, сојот омикрон е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја.
„Не треба да очекуваме да се достигне национален максимум (на инфекции) во следните денови. Следните неколку недели ќе бидат тешки“,
изјави за Си-ен-ен, Вивек Мурти, главен хирург на САД.