Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го поздрави исходот од изборите и ѝ ја честита „изборната победа“ на сестринската партија СДСМ.
Оттаму посочуваат дека овој резултат ќе му овозможи на СДСМ да стигне до ново владино мнозинство.
„Гласачите ја наградија добрата работа на премиерот Зоран Заев и неговата коалиција предводена од СДСМ. Во неговиот мандат, невработеноста се намали, социјалните услови се подобрија и Северна Македонија влезе во НАТО и го расчисти патот кон ЕУ. Зоран и СДСМ се добри за Северна Македонија, добри за демократијата и добри за Европа. Ни треба повеќе од ова прогресивно лидерство во нашето соседство“,
порача претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.