Со овој пакет воена помош вкупниот износ одобрен од ЕУ за воена помош за Украинците ќе се искачи на 3,1 милијарди евра
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска ќе се сретнат во Луксембург, а на дневен ред на состанокот ќе биде одобрување на нов пакет воена помош за Украина во вредност од 500 милиони евра.
Со овој пакет воена помош вкупната сума одобрена од ЕУ за воена помош на Украинците ќе се зголеми на 3,1 милијарди евра. Министрите ќе треба официјално да ја одобрат иницијативата, веќе поддржана од амбасадорите на ЕУ, за испраќање воена мисија за обука на украинските војници.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, неодамна побара повеќе средства за помош на Украинците, кои се борат против руската инвазија од 24 февруари оваа година.
Инаку, на денешната средба, освен за руската инвазија, министрите ќе разговараат и како да одговорат на бруталното однесување на иранскиот режим кон демонстрантите и ќе го разгледаат евентуалното воведување дополнителни санкции, како и за односот на ЕУ со Кина.