Таа додаде дека руските воздушните напади се секојдневна појава за Украинците и оти е погодено седиштето на цивилната мисија на ЕУ во Киев

Германија, Норвешка, Холандија и Европска Унија ги повикаа шефовите на руските дипломатски мисии акредитирани кај нив откако Русија се закани дека ќе нападне цели во Киев и ги повика странците, вклучително и дипломатите, да го напуштат главниот град на Украина.
„Гледаме дека Русија се обидува да посее паника и страв во Украина, да ја изолира, но нашата порака е јасна – тоа нема да се случи“,
изјави портпаролката за надворешна политика на ЕУ, Анита Хипер.
Таа додаде дека руските воздушните напади се секојдневна појава за Украинците и оти е погодено седиштето на цивилната мисија на ЕУ во Киев.
„Руската закана кон странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев е неприфатлива ескалација. ЕУ го повика вршителот на должноста, повикувајќи да престане да ги удира цивилите и Русија да се вклучи во вистински мировни разговори почнувајќи со целосен и безусловен прекин на огнот“,
напиша Хипер на Икс.
🇷🇺 threat to foreign citizens & diplomats to leave Kyiv is an unacceptable escalation. @eu_eeas summoned the Chargé d'Affairs, calling to stop hitting civilians & 🇷🇺 to engage in genuine peace talks starting with a full and unconditional ceasefire. @EUDelegationUA stays in Kyiv.
— Anitta Hipper (@ExtSpoxEU) May 26, 2026
Хипер, повторувајќи ги претходните изјави на шефицата на европската дипломатија Каја Калас, рече дека Русија губи на бојното поле и повторно се свртува кон напади врз цивили и цивилна инфраструктура.
Според неа, потезите на Русија покажуваат дека Москва апсолутно не е заинтересирана за мир и дека покажува целосно непочитување кон мировните напори.
Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да ѝ помага на Украина со дополнителна воздушна одбрана и финансиска помош.
Русија вчера се закани со нов бран „систематски напади“ врз цели во Киев – неколку дена откако нејзините сили извршија еден од најголемите напади врз главниот град на Украина од почетокот на војната.
Новите напади ќе бидат насочени кон центри за носење одлуки и командни места, како и фабрики во кои се произведуваат беспилотни летала, а се лоцирани во градот, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Истовремено Москва ги повика странските државјани и дипломатите да го напуштат Киев што е можно поскоро, а упати и апел до жителите на украинскиот главен град да не се движат во близина на административните и воените згради.
