Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија го затвора воздушниот простор за авиони во сопственост на Русија, авиони регистрирани или контролирани од Русија.
„Тие нема да можат да следаат, да полетуваат или прелетуваат на територијата на ЕУ. Вклучувајќи ги и приватните авиони на олигарсите“,
напиша на „Твитер“ фон дер Лајен.
Дополнително, таа додаде дека ЕУ ја засилува и поддршката за Украина.
„За прв пат ЕУ ќе финансира набавка и испорака на оружје и опрема во земја која е нападната. Ги зајакнуваме и нашите санкции против Кремљ“,
потенцираше Урсула фон дер Лајен.