Трамп неодамна изјави дека САД ќе го преземат Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како „ривиера на Блискиот Исток“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека никој нема овластување да ги протера жителите на Појасот Газа од територијата зафатена од војна и го отфрли планот на неговиот американски колега Доналд Трамп да ги протера Палестинците и САД да ја преземат контролата на областа.
„Никој нема овластување да го измести народот на Газа од нивната вечна татковина која постои илјадници години“,
рече Ердоган на прес-конференција на аеродромот во Истанбул пред да замине за Малезија.
Ердоган додаде дека Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим им припаѓаат на Палестинците.
Трамп неодамна изјави дека САД ќе го преземат Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како „ривиера на Блискиот Исток“.
Тој, исто така, предложи преселување на Палестинците во други арапски земји, како Јордан и Египет, бидејќи Газа во моментов е целата во урнатини.
Планот на Трамп наиде на остри критики од светските претставници.
Трамп сака САД да го преземе Појасот Газа и да го направи „ривиера на Блискиот Исток“
И жителите на Газа остро реагираа на предлогот на Трамп за можно преземање на Газа и раселување на Палестинците.
Познато е дека арапските земји одамна отфрлаат какво било принудно раселување на Палестинците и се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио, претседателот на САД, Доналд Трамп, предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа, додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на Соединетите Американски Држави.