Оваа препорака доаѓа во време кога во некои земји се разгледува можноста за втора засилувачка доза на вакцината или вкупно четврта доза поради појавата на варијантата омикрон
Европската агенција за лекови предупреди дека повторувањето на засилувачките дози на вакцината против коронавирус може да има негативен ефект врз имунитетот и може да не биде одржливо.
Повторувањето на засилувачката доза на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА). Наместо тоа, државите треба да направат подолга пауза помеѓу засилувачките дози, велат од агенцијата.
Оваа препорака доаѓа во време кога во некои земји се разгледува можноста за втора засилувачка доза на вакцината или вкупно четврта доза поради појавата на варијантата омикрон.
Неодамна, Израел беше првата земја што воведе втора засилувачка доза за лица над 60 години. Во Обединетото Кралство беше објавено дека третата дозата обезбедува добро ниво на заштита и дека во моментов нема потреба од четврта, но дека ќе ги разгледаат податоците, наведува Блумберг.
„Засилувачките дозите може да се дадат еднаш, можеби двапати, но тие не треба да се повторуваат одново и одново. Треба да размислиме како да преминеме од сегашната пандемија во ендемична состојба“,
рече Марко Кавалиери, раководител на биохазардите и на ЕМА Одделение за стратегија за вакцинација.
Од ЕМА додаваат дека тие би можеле да одобрат нови вакцини насочени кон специфични варијанти најрано во април, што беше најавено од некои фармацевтски компании бидејќи тој процес трае три до четири месеци.