„Тоа што вчера го видов на профилот на градоначалничката Арсовска искрено ме изненади. Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи, искрено, за мене не беше соодветно, само бев изненаден“, вели Христовски додавајќи дека скопската градоначалничка во ниту еден момент нема побарано од него да си поднесе оставка
Изјавата на ексдиректорот на „Градски паркинг“, Бојан Христовски, доаѓа откако по вчерашната најавата оти тој и директорот на „Дрисла“, Јане Мицевски, си поднесуваат неотповикливи оставки, градоначалничката Арсовска објави дека сега веќе ексдиректорите на овие претпријатија добиле понуда да да си дадат оставки или да бидат разрешени

Ексдиректорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, кој вчера си даде отказ од функцијата во претпријатието, во изјава за Радио Лидер вели дека неотповикливата оставка што ја поднесе е самоволна и самостојна одлука. Објавата на градоначалничката Данела Арсовска, пак, дека му понудила да избере разрешување или оставка ја окарактеризира како лага.
„Пишав статус на Фејсбук и во исто време однесов документ со кој и официјално, формално барам од Град Скопје да ми се прекине функцијата в.д директор во ‘Градски паркинг’. А, тоа што вчера го видов на профилот на градоначалничката Арсовска искрено ме изненади. Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи искрено не беше за мене соодветно, само бев изненаден“,
вели Христовски додавајќи дека тоа што објавила Арсовска на социјални медиуми е лага, а оти таа во ниту еден момент нема побарано од него да си поднесе оставка.
Изјавата на Христовски доаѓа откако по вчерашната најавата оти тој и директорот на Дрисла, Јане Мицевски, си поднесуваат неотповикливи оставки, градоначалничката Арсовска објави дека сега веќе ексдиректорите на овие претпријатија добиле понуда да да си дадат оставки или да бидат разрешени.
Христовски вели дека си поднел оставка бидејќи не сакал да биде дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје.
„Беше многу специфична ситуацијата како по објава на еден портал без притоа да имаме некаков институционален одговор или некаква пријава, или барање до обвинителство, така само на една приказна да се разрешува директор. Нешто слично видовме и претходно и со директорот на Зоолошка, за кој слушнавме за некакво хранење животни, па беше разрешен. Па тука е и пукањето на брат му на Зуди Кока, па беше разрешен. Некако многу бргу се разрешуваат директори“,
додава тој.
Во однос на соработката со градоначалничката, Христовски вели дека во изминатите осум месеци откако бил на позицијата директор на „Градски паркинг“ со Арсовска имал една или две средби, а дека нивната комуникација се базирала на пишување на пораки.
„Јас како довчерашен директор на ‘Градски паркинг’ имав и несоодветна комуникација. Пред неколку месеци кога се правеше ребаланс на Буџет на Град Скопје, ние баравме околу 26 милиони денари како помош, субвенции за враќање на тој долг за комунална такса, но и воедно за енергетската криза која што следува и скапите сметки за струја кои што ги очекуваме, а тоа се големи сметки, бидејќи ние ги намаливме цените на паркинг и мора да внимаваме. И тогаш градоначалничката во присуство на едно 6-7 луѓе вети дека ќе помага, дека е тука за се, за средства и буквално за се што треба. И затоа баравме 26 милиони денари. И наместо да добиеме помош стигна решение со кое што тие ни бараа 26 милиони денари“,
додаде Христовски.
Во своето гостување во Радио Лидер, Христовски ѝ порача на градоначалничката да ја говори вистината колку и да е сурова, оти, како што кажа, не е во ред во јавноста да се изнесуваат лаги како вчерашната за неговата оставка.