Во 2018 година, по бројни барања од земјите членки и Европскиот парламент, Комисијата предложи да се прекине практиката на сезонски промени на времето. Предлогот никогаш не ја доби потребната поддршка во Советот
Утре, на 25 октомври, Европејците повторно ќе ги вратат своите часовници за еден час наназад и ќе се префрлат на зимското сметање на времето, кое почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето
Европската комисија работи на нова студија што треба да им помогне на земјите членки да донесат одлука за евентуално укинување на сезонското менување на времето, Засега не е познато кога ќе бидат објавени резултатите од анализата, пренесува БНТ.

Европскиот предлог за прекин на промената на времето беше блокиран осум години во Советот на ЕУ поради недостаток на согласност меѓу земјите членки.
„Нашата задача како Европска комисија е да промовираме консензус меѓу земјите-членки и да ја олесниме координацијата. Сепак, на крајот на краиштата, одлуката е во нивни раце“,
велат од Комисијата, пренесува БНТ.
Новата студија има за цел да ги испита различните аспекти на промената на времето и евентуално да помогне во процесот на донесување одлуки.
Во 2018 година, по бројни барања од земјите членки и Европскиот парламент, Комисијата предложи да се прекине практиката на сезонски промени на времето. Предлогот никогаш не ја доби потребната поддршка во Советот.
Во меѓувреме, утре, на 25 октомври, Европејците повторно ќе ги вратат своите часовници за еден час наназад и ќе се префрлат на зимското сметање на времето, кое почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
