Предлогот за унифициран сертификат за вакцинација, кој ќе важи за цела ЕУ, прв го даде грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со цел да се олесни патувањето, но Романија се спротивставува
ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус која би била заемно призната. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Во изјава за португалски медиуми пред нејзината посета на Лисабон денеска, таа нагласи „медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер (Кирјакос Мицотакис) за заемно признат сертификат за вакцинација“.
„Дали тоа ќе даде приоритет или пристап до одредени добра е политичка и правна одлука што треба да се разгледа на европско ниво“,
додаде Фон дер Лајен.
За координација на мерките за време на пандемијата, европските претставници ќе разговараат на самит следниот четврток.
Сертификатот за вакцина, наречен „Вакспруф“, што може да помогне за воспоставување прекугранично патување, ги поделил нациите на ЕУ.
За тоа прашање се дискутира со месеци, но не е постигнат компромис поради страв од воздржување од вакцинирање и нарушување на приватноста.
Предлогот за унифициран сертификат за вакцинација кој ќе важи за цела ЕУ прв го даде грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со цел да се олесни патувањето.
На ова се спротивстави Романија, која предлогот го нарече дискриминаторски, а резервирана е и Холандија.