Покрај гориво, се очекува секој ден да влегуваат и 200 камиони натоварени со хуманитарна помош

Од денеска околу 130 илјади литри дизел гориво и четири камиони бензин дневно ќе влегуваат од Египет во Газа.
„Двесте камиони, натоварени со храна, лекови и вода, ќе влегуваат дневно за прв пат од почетокот на израелската војна во појасот“,
изјави претседателот на египетската државна информативна служба Дија Рашван.
Рашван рече дека Египет ќе продолжи да прима групи повредени луѓе од Газа за лекување и ќе ја олесни евакуацијата на странците и лицата со двојно државјанство кои биле заглавени на територијата.
Тој, исто така, вели дека за прв пат од почетокот на конфликтот, Египет ќе дозволи влез за Палестинци кои сакаат да влезат во Газа преку граничниот премин Рафах.
Денеска официјално стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници.
Примирјето ќе биде првиот прекин на огнот во речиси 50 дена војна.