Екипи на Територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот во кој настанал пожарот
Возрасен маж го загуби својот живот во пожар што утрово се случи во повеќекатна зграда во Битола.
Од СВР-Битола соопштија дека пожарот избувнал во стан во зградата викана „пензионерска“, која се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“. Во тек е истрага и по завршувањето ќе биде соопштен идентитетот на починатиот и причините за пожарот.
Екипи на Територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот во кој настанал пожарот. Најверојатно, причина за смртта е задушување.
Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија.