Меѓу повредените во нападот e и 29-годишниот шпански дефанзивец, Пабло Мари. Во објава на социјалните мрежи, фудбалскиот клуб Арсенал објави дека фудбалерот е во болница и не е сериозно повреден
Едно лице загина, а најмалку четворица се повредени во напад со нож во супермаркетот „Керфур“ во италијанскиот град Асаго во близина на Милано, северна Италија, јавува Би-би-си.
Според првичните информации, загинатиот е маж кој бил вработен во супермаркетот.
За нападот е осомничен 46-годишник кој е притворен. Мотивот за нападот се уште не е јасен.
Меѓу повредените во нападот e и 29-годишниот шпански дефанзивец, Пабло Мари, фудбалерот кој од Арсенал игра на позајмица во италијанскиот клуб Монца оваа сезона.
Во објава на социјалните мрежи, фудбалскиот клуб Арсенал објави дека фудбалерот е во болница и не е сериозно повреден.
„Сите бевме шокирани кога ја слушнавме страшната вест за прободувањето со нож во Италија, кое доведе голем број луѓе да завршат во болница, вклучувајќи го и нашиот позајмен централен бек Пабло Мари. Бевме во контакт со агентот на Пабло кој ни кажа дека е во болница и не е сериозно повреден. Нашите мисли се со Пабло и другите жртви на овој страшен инцидент“,
се наведува во објавата на фудбалскиот клуб на Фејсбук.