„На 20 април годинава на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на индустрискиот дел на Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ‘пежо‘ со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моторно возило ‘шкода‘ со скопски регистарски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на ‘пежото’ и сопатничката Л.Д. (64) во ‘шкодата’. Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип“, соопштија од СВР Штип
Сообраќајна несреќа се случила денеска попладне во 14:25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, во која две лица загинале, а едно е повредено.
Ова го потврдила и портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова, која посочила дека жртвите се на возраст од 40 и 64 години и се од Кочани и од Скопје.
„На 20 април годинава на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ‘пежо‘ со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моторно возило ‘шкода‘ со скопски регистарски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на ‘пежото’ и сопатничката Л.Д. (64) во ‘шкодата’. Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип“,
пишува во соопштението од СВР Штип.
Оттаму информираат и дека возачот на „шкодата“ се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.
Патот од Штип до клучката кај Крупиште од 17 часот е затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по стариот регионален пат Штип-Кочани.
Ова е втора сообраќајна несреќа на овој експресен пат. Во февруари годинава се случи сообраќајна несреќа на истиот пат во близина на селото Жиганци во која загинаа две лица.