Во последните 24 часа починаа две лица од коронавирус од Куманово и од Прилеп, информираат од министерството за здравство. Ова е и првиот смртен случај од новиот вирус во Прилеп каде бројката на дијагностицирани достигна до 58.
*Поврзана вест: Од рекордни 586 тестирани, 49 нови случаи на коронавирус во земјава
Досега, вкупно во земјава има 34 смртни случаи поврзани со ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 760 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на ковид-19.
*Поврзана вест: Охрабрувачко сценарио од МАНУ: Врвот на епидемијата на почетокот на мај со 1100 заразени
За последните 24 часа регистрирани се 49 нови заразени, а детално по градови новозаболените се од Скопје (13), Куманово (14), Прилеп (8), Штип (6), Велес (6), Гостивар (1) и Кочани (1).