Основното јавно обвинителство Велес побара парични казни од по 800 евра за две лица кои во текот на викендот, за време на полицискиот час, се движеле пеш по улиците на Велес, што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес.
Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.