Две лица, едно во Битола и едно во Велес, се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите“,
додава Спасовски.
Случајот „Јавна соба“ повторно ја разбранува јавноста, една година по објавувањето скандалот. Овој пат групата на апликацијата „Телеграм“ има над 6 000 члена, и нивниот број секојдневно се зголемува, а во неа, како и претходно, се споделуваат дискредитирачки фотографии и видеа од девојки, жени и малолетни девојчиња.