Министерството за здравство соопшти дека се назначени нови директори на две здравствени установи и најави дека до крајот на неделава ќе има и нови именувања на раководни позиции во овој сектор.
Докторот Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија е назначен за нов директор на Институтот за Белодробни заболувања и ТБЦ, а докторот Башким Османи ќе раководи со Клиниката за ревматологија.
Тие доаѓаат на местата на докторите Арбен Љабеништа и Филип Гучев, кои досега раководеа со овие клиники.
Од Министерството за здравство најавуваат дека до крајот на неделата треба да именуваат и нови директори и во Центарот за јавно здравје, Клиниката за Кардиологја, Клиниката за токсикологија, Клиниката за детски болести односно Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.