Дополнително, од Министерството за внатрешни работи во полицискиот билтен информираат за уште два случаи во кои физички биле нападнати две малолентици лица, од кои едното во Центар, а другото во населбата Драчево
Двајца малолетници вчера попладне биле нападнати и повредени со остар предмет од малолетни лица на подрачјето на скопската општина Шуто Оризари, информираат од Министрството за внатрешни работи (МВР).

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:53 од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски – Скопје“ во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, било пријавено дека во болницата со повреди од остар предмет биле донесен 12-годишник од Скопје. Повредите, според она што пријавено, му ги нанел друг малолетник околу 13 часот, на подрачјето на Шуто Оризари.
„Во врска со истиот случај, на 03.07.2026 г. во 23.55 часот во Полициското одделение „Шуто Оризари“, С.А. (36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолентици, еден од нив му нанел повреда со остар предмет“,
велат од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, ова не е единствениот случај на напад на малолетници кој бил пријавен во скопската полиција во текот на вчерашниот ден.
Четириесет и осумгодишен скопјанец синоќа во 21:50 часот пријавил дека претходниот ден вечерта на подрачјето на Центар физички бил нападнат малолентик. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
Дополнително во четвртокот доцна вечерта, Б.К. (44) пријавил дека околу 23 часот кај местото викано „Врапче“ во населбата Драчево, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од четириесет и едногодишен жител на скопското село Батинци, против кого, пон целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
