Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска кажа дека е јасно напишано што претставува Заедницата на српски општини во Бриселскиот договор од 2013 година и уште подетално во договорот од 2015 година и дека тие договори се круна на учеството на Белград во дијалогот со посредство на ЕУ.
„Го потпишавме Бриселскиот договор затоа што е добар за нашата заедница во Космет. Не е идеален, но во услови во кои го преговаравме за него, тоа е максимумот што можевме да го постигнеме. Тоа се договори кои на нашето население му даваат се што е во нивни раце на управување – од економија, развој, образование, здравство, до безбедност и полиција“,
изјави Дачиќ за „Политика“.
Дачиќ, кој го потпиша првиот Бриселски договор, кажа дека и двата договора се круна на учеството на Белград во дијалогот со посредство на ЕУ, кои се обврзале да се спроведе.
„Никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници кон нивното уништување“,
рече Дачиќ
Тој повтори дека Заедницата на српски општини (ЗСО) останува главната точка на договорот.