Градоначалникот изјави дека руските сили ги напаѓале и голем број медицински установи, како и дека бремените жени кои треба да се породат ги префрлаат во други родилишта
Гранатирањето на украинскиот град Харков од страна на руските сили продолжи, а според регионалното обвинителство во Украина, загинале две лица.
Од обвинителството посочија дека отвориле кривична истрага по инцидентот во кој загинале маж и жена, додавајќи дека станувало збор за напад на игралиште во близина на станбени згради.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов за локалните медиуми изјави дека руските сили ги напаѓале и голем број медицински установи, како и дека бремените жени кои треба да се породат ги префрлаат во други родилишта.
Украинските власти изминативе денови објавуваа извештаи и за други жртви, како што беше случај пред три дена кога соопштија дека седум лица загинале а 34 биле повредени.