И покрај тоа што не сум имал блиска комуникација, сепак, вчера направив тест и тој е негативен, вели Бујар Османи за „360 степени“
Двајца вработени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), со кој раководи вицепремиерот Бујар Османи, се позитивни на ковид-19, дознава „360 степени“ од извор во здравствените власти.
Оваа информација ја потврди и Османи, кој вели:
„Двајца врабитени во СЕП се позитивни. И покрај тоа што не сум имал блиска комуникација, сепак, вчера направив тест и тој е негативен.“
Тоа би значело дека Османи, најверојатно, нема да оди во самоизолација. Тој кон средината на април помина една седмица дома по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше позитивен на ковид-19.