Полицијата денеска привела две момчиња од Скопје, на возраст од 18 и 26 години, бидејќи извршиле 16 тешки кражби на возила.
Двајцата осомничени, според полицијата, оперирале на територијата на Општина Шуто Оризари.
„Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудиоопрема и други предмети“,
велат од МВР.
При приведувањето, пронајдени се дел од украдените работи и истите им се вратени на сопственици.
Против момчињата МВР ќе поднесе кривични до обвинителството.